Политика за приватност
Контролор:
Ројал Солутионс – подружница Управител плус
Центар за Управување и одржување на објекти и станбени згради
Ул. Багдадска 36а/10, Скопје
Тел. + 389 02 310 1818
- Општо
Оваа изјава ги покрива личните информации кои што се предмет на Македонските Закони за заштита на приватност. Исполнувањето на потребите и очекувањата од нашите гости секогаш е наш највисок приоритет, а меѓу нив е вклучена и заштитата на приватност. Ние ја изготвивме оваа изјава за заштита за да го опишеме нашиот пристап за исполнување на седумте принципи за безбедно чување според Македонските закони. Оваа изјава се однесува на било која единица која што се дел од Ројал Солутионс – подружница Управител Плус (во понатамошниот текст: Управител Плус, Контролор, организација).
Управител Плус е во согласност со Македонските Закони за Заштита на Приватност во однос на собирање, употреба и чување на лични информации од нашите гости.
Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на веб страната https://www.upravitelplus.mk/ сопственост на Управител Плус (“организацијата“, “нас”, “ние” и “нашите”) која ги користи Вашите податоци, а се однесува на нашата веб страна https://www.upravitelplus.mk/ и мобилната верзија на веб сајтот, електронските услуги, нашите социјални мрежи и испратените електронски пораки од нас.
Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност. Со пристaпување или со користење на нашиот веб сајт се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на нашата веб страна. Доколку не се согласувате со овие услови, напуштете ја оваа страна и не го употребувајте нашиот сајт.
Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци за да ги содржи нашите нови практики, како на пример кога додаваме нова услуга, функционалност или опција на сајтот. Можете да видите кога оваа Политика за заштита на лични податоци била последен пат променета според датумот објавен подоле во “Последно обновено”.
Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.
Политиката за заштитa на лични податоци е организирана на следниот начин:
- Видови на податоци кои ние ги собираме
Видовите на лични информации што ги собираме вклучуваат:
- Вашето име, контакт детали од дома,
- Детали од кредитна картичка, детали за онлајн корисник,
- Било кои потребни информации за да се исполнат одредени специфични побарувања за исполнување на нашите услуги (пр. Потреби за број на стан и сл.)
- Информации кои што ни ги давате во врска со Вашите маркетинг преференци во однос на учевство на анкети, натпревари или промотивни понуди;
Може да собираме вакви информации на повеќе начини, вклучително од Вас директно, од нашите авторизирани подизведувачи, од трети страни со кои што соработуваме (пр. туристички агенции, авио компании, агенти за настани или слични провајдери).
Секогаш може да одберете какви лични информации ќе ни ги дадете. Ако одберете да не споделувате одредени детали, тоа може да влијае врз одредени услуги.
- Како ги користиме личните податоци
Може да ги користиме личните информации на повеќе начини, вклучително и личните контакти добиени преку Вебстраните, преку е-пошта и коресподенција и преку трети страни како туристичките агенции и други бизнис партнери. Ги користиме личните информации за целите кои што Ви ги објавуваме, или според она што е дозволено со закон. Општо ги користиме личните информации за:
- Ги обезбедиме услугите кои што ги барате, како извршување уплата, испраќање потврда, испраќање на е-пошта;
- Да го сервисираме вашиот акаунт и избор на услуги;
- Да ви испратиме продукти, информации или да обезбедиме услуги кон нашите клиенти;
- Да ги разбереме Вашите потреби или оние на Вашите клиенти;
- Да го научиме нашиот пазар и да ги подобриме нашите производи и услуги;
- Да бидеме во согласност со регулаторни и правни обврски;
- Да помогнеме при планирањето на настани и состаноци;
- Да ги заштитиме нашите права и имот.
- Интернет колачиња и IP адреси
Управител Плус или нашите маркетинг партнери може да користат интернет колачиња, невидливи пиксели и друг код за да добијат информации за корисниците на Вебстраните. Колачињата се мали текстуални датотеки кои што се поставуваат на компјутер или мобилен уред по посетата на вебстраните или користењето на апликацијата. Нашите Вебстрани може да примат и складираат одредени информации автоматски според подесувањата на Вашиот прегледувач, и може да содржат тип на прегледувач и оперативен систем, посетени веб страни, IP адреси или други уникатни идентификатори поврзани со мобилни уреди, и страни посетени пред или по посетувањето на нашите Вебстрани.
Може да го подесите Вашиот компјутер да Ве предупреди секој пат кога колаче е испратено или да ги исклучите сите колачи низ Вашиот прегледувач. Проверете го менито за помош од Вашиот прегледувач или подесувањата на Вашиот мобилен уред за да видите како. Некои мобилни уреди складираат колачиња не само за нешта поврзани со прегледувачот, туку и од областа специфична за апликацијата, нешто што не може да се контролира преку подесувања за прегледувачот. Проверете ги подесувањат за Вашата апликација за да откриете како да управувате или да бришете колачиња кои што може да се склаидраат за овие други области. Ако не прифаќате колачиња, одредени можности, услуги или активности достапни на нашите Веб страни може да бидат недостапни или нема да можете да извршите одредени операции, да користите одредена функционалност, и да пристапите одредена содржина.
Ги користиме следниве видови на колачиња на нашите Вебстрани и апликации:
- Колачиња за сесии кои што автоматски се бришат откако ќе го затворите прегледувачот.
- Информации од насловот HTTP request за да направиме нашите Вебстрани да функционираат коректно и да ја персонализираме содржината која што се прикажува, подобро да разбере како посетителите ги користат нашите Вебстрани и како подобро можеме да ги исполниме вашите потреби.
- Да ја измериме искористеноста на разни страни од нашиот Сајт заради овозможување на полесен и персонализиран пристап кон нашите информации.
- Да обезбедиме функционалност како онлајн резервации, и други функционалности кои што веруваме се од Ваш интерес и имаат вредност за вас.
- Да ги следиме реакциите на реклами и содржини од Вебстраните.
- Да ја одредиме способноста на Вашиот прегледувач да прима HTML е-пошта заради одредување на форматот за примање и читање на е-пошта.
- Да дознаеме колку корисници отвориле е-пошта и да му овозможиме на нашиот провајдер да состави агрегатна статистика за нашата кампања.
- Да Ви прикажеме реклами преку технологија од трети страни при посетување на нашиот Сајт и сајтови на кои што се рекламираме. Во текот на прикажување на реклами, уникатни постојани колачиња, чисти гифови или светлечки гифови може да се постават на Вашиот компјутер или уред, обезбедени од провајдерите на реклами, а ние преку оваа технологија не собираме лични информации туку информациите ги користиме за профилирање што ни овозможува прецизно таргетирање на реклами кон Вас и Вашите интереси низ мрежата.
Организацијата и нашите парнтери користат веб зраци и пиксел тагови за да:
- Ја следат реакцијата на клиентот на рекламите и содржината на Вебстраните;
- Да ја одредат можноста на корисникот да добива HTML е-пошта, да се осознае колку корисници отвориле е-пошта и да му овозможиме на провајдерот да направи статистика за нашата е-пошта кампања; и
- Да ни се дозволи подобро таргетирање на интерактивно рекламирање, да ја подобриме корисничката поддршка и корисноста на Сајтот, и да обезбедиме понуди и промоции кои што мислиме дека би Ве интересирале.
За да дознаете повеќе за колачиња, следниве веб страни ќе Ви обезбедат корисни информации:
- www.allaboutcookies.org
- www.youronlinechoices.eu
- http://helpx.adobe.com/flash-player/kb/disable-local-shared-objects-flash.html .
- Do not track сигнали:
Некои прегледувачи нудат “Do Not Track” (“DNT”) сигнал, односно поле во HTTP насловот кое што ја иницира Вашата желба во однос на следењето. Во моментов не ги препознаваме DNT сигналите; како и да е, како што е изјавено погоре, Ви овозможуваме да имате одреден инзбор за информации кои што ги собираме со подесување на поставките за колачиња од Вашиот прегледувач. Како што е изјавено, ние исто така соработуваме со трети страни кои што користат технологии за следење на нашите Вебстрани за да обезбедат приспособени реклами за нас или други корисници. Овие компании може да собираат информации за Вашите активности на нашите страни или Вашата интеракција со нашите маркетинг и други комуникации, и тие информации ќе се користат за одредување кои реклами ќе ги гледате на трети веб страни и апликации. Ако сакате повеќе информации за оваа пракса и да ги разберете вашите опции, Ве молиме посетете ја http://www.aboutads.info.
- Маркетинг комуникации
Нашата цел е да добивате е-пошта која што ќе биде корисна за Вас и која што ќе сакате да ја примате, така што Ви овозможуваме да ги дефинирате или промените Вашите преференци за пошта, онлајн во било кое време, вклучувајќи и исклучување од сите маркетинг комуникации, понуди и промоции и истражувања.
Можете да се исклучите од било која од нашите програми со посетување на страната за отпишување или преку следење на инструкции поврзани со исклучување од идна е-пошта, во било која е-пошта која што ја добивате од нас.
- Безбедноста на лични информации
Ги третираме личните информации кои што ни ги доставувате како доверливи и преземаме разумни чекори, вклучувајќи и стандардни мерки на заштите за Вашите лични информации против случајно бришење или губење, како и неовластен пристап, проследување или изменување. Кога ги доставувате личните информации кон нас преку нашите Вебстрани, се пренесуваате преку Secured Sockets Layer (SSL) врска, доколку користите прегледувач или кој што ја има овозможено таа функција.
- Рок на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката. Податоците за корисниците и купувачите кои се собираат во дефинираните збирки на податоци се чуваат во рок од 30 дена од денот на поднесено барање за бришење на податоците од корисникот.
Пресметка на роковите на чување и задржување на личните податоци, се заснова на следниве критериуми:
- Времетраење на договорот (доколку имате договор со нас)
- Времето потребно за обработка на барањето или жалбата (доколку е поднесена жалба)
- Наши законски или договорни обврски.
Вашите податоци ќе се чуваат само онолку колку што е потребно за да се исполнат сите горенаведени цели. Вашите лични податоци нема да се чуваат во форма што дозволува да бидете идентификувани подолго отколку што е потребно за да се постигне целта за која се собрани или обработувани.
Организацијата чува одредени лични податоци во согласност со временските рокови пропишани со закон или со интерните акти на друштвото и само во траење кое е потребно за остварување на целта заради која се собрани.
- Вашите права и контакт во врска со Политиката за заштита на лични податоци
Организацијата гарантира остварување на сите Ваши законски права во врска со обработката на Вашите лични податоци. Вие во секој момент имате право да побарате од организацијата:
- право на пристап – право да поденсете Барање за пристап до своите лични податоци, односно да добиете информација за податоците што се обработуваат за Вас и да проверите дали се тие точни и ажурирани,
- право на исправка – доколку откриете дека Вашите лични податоци што ги обработува организацијата не се точни или не се целосни, имате право да побарате нивна исправка,
- право на бришење– право да побарате од организацијата да ги избрише Вашите лични податоци под одредени услови утврдени со закон;
- право на ограничување на обработката– право да побарате организацијата да ја ограничи обработката на Вашите лични податоци под одредени услови утврдени со закон;
- право на преносливост на податоците– право да ги добиете своите лични податоци во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат и да ги пренесете на друг обработувач, без попречување од организацијата.
- право на приговор– право на приговор врз основа на конкретна ситуација доколку обработката на Вашите лични податоци се заснова на легитимен интерес или се врши за цели на директен маркетинг и за профилирање поврзано со директниот маркетинг, под одредени услови утврдени со закон.
- право на повлекување на согласноста– имате право да ја повлечете својата согласност за користење на Вашите лични податоци во секое време. Повлекувањето на согласноста не влијае врз законитоста на обработката, врз основа на согласноста пред нејзиното повлекување.
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете не контактирате на нашиот меил ane@upravitelplus.mk и во секое време можете да поднесете барање и до агенцијата за заштита на лични податоци за Вашите права. Исто така може и да се обратите до Офицерот за заштита на лични податоци Александра.
- Промени на Политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности. Ве молиме посетувајте ги политиките за информираност при евенутални промени.
Датум: 15.09.2023
Управител Плус гарантира за Заштитата на личните податоци на вработените и на субјектите до чии податоци има пристап и изјавува дека ќе се придржува до имплементираните технички и организациски мерки!