ЗА УПРАВИТЕЛ ПЛУС
Управител плус е реномирана компанија која има над 10 години искуство и одржува повеќе од 400 објекти во град Скопје.
Управител плус – Центар за управување и одржување на објекти и станбени згради е фирма која има лиценца за работа бр. 08-11/3 издадена од Регулаторната комисија за домување која врши дејност – управување и одржување на станбени, станбено-деловни и деловно-станбени објекти согласно одредбите од Законот за домување.
- Плаќање на сметките за потрошена електрична енергија на заедничките делови на станбената зграда.
- Редовно одржување хигиена во зградата.
- Грижа за постојано функционирање на лифтот/ите во Вашата зграда, а согласно Законот за техничка инспекција и соодветите правилници пропишани од страна на Министерството за економија.
- Редовна дезинсекција и дератизација со ангажирање на лиценцирана фирма соработник.
- Поправки од помал обем (замена на сијалици, приклучоци, мали молерски работи и слично) на заедничките делови на станбената зграда.
- Ние водиме уредна и точна евиденција на уплатите од сопствениците на посебните делови во редовниот и резервниот фонд
- Изготвуваме месечни книговодствени пресметки и извештаи за начинот на искористување на средствата уплатени во редовниот и резервниот фонд
- Навремена дистрибуција на уплатници до станарите
- Редовна достава на предупредувања- опомени до сопствениците кои не ги подмириле своите обврски спрема зградата
- Поднесување тужби пред надлежен Нотар или евентуално водење на судска постапка
- Присилна наплата на долг и други работи од својот делокруг на работа, а согласно одредбите на Договорот за управување и взаемни односи
Сподели на :
Facebook
Twitter
LinkedIn
ул.Багдадска бр.36a стан 10 Зграда 2
Скопје, Македонија